Новости

Економија

Косово пред енергетски колапс

Генералниот директор на Косовската енергетска корпорација, Арбен Џукај, изјави дека Косово е пред енергетски колапс бидејќи има јаглен за само уште две седмици работа.

Ѓукај, како што пренесуваат приштинските медиуми, изјави за „Ројтерс“ дека Косово има огромни резерви лигнит, но не е доволно ископано за производство на електрична енергија бидејќи од 2013 година владата не го решила проблемот на експропријација на 52 хектара земјиште под кое е лигнитот.

„Во следните седмици ќе се соочиме со значителен недостиг на електрична енергија од производните капацитети. Сето тоа зависи од оптоварувањето и како ќе ги користиме резервите од јагленот”, рече Ѓукај. Сега во погон се два блока на термоелектраната.

Извор: makfax.com

GOLD
To Top