Новости

Економија

НОВИ ЦЕНИ: Еве колку ќе чинат Бензините и дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне треба да ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе почнат да важат од полноќ. Според движењето на цените на суровата нафта на светските берзи, извесно е дека регулаторот денеска ќе објави поевтинување.

Имено, во последните две недели цената на еден барел нафта поевтини за околу 3 долари што е извесно дека ќе повлече и пониски цени на бензините и дизелот во Македонија.

Пред две недели Регулаторната комисија за енергетика определи за 1 односно 1,5 денари повисока цена на бензините и за 2 денари на дизелот.
Во моментов литар дизел чини 69 денари, 98 октански супер 76,5 а 95 октанскиот за 74,5 денари.

GOLD
To Top