Новости

Економија

Нафтената компанија „Greka“ е казнета за 1.500 прекршоци

На калифорниската нафтена компанија „Greka“ и беше изречена казна од 12,5 милиони долари за 1.500 прекршоци направени во 2017-та година во областа на нафтеното поле на округот Оринџ.

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Овој нафтен гигант е познат по големиот број прекршување на безбедносните и регулаторните прописи во минатото.

„Greka“ фалсификувала резултати во повеќе од 350 извештаи, и не извршила рутински тестирања на повеќе од десетина локации, соопшти калифорниското министерство за природни ресурси, а пренесува агенцијата „АP“.

„Висината на казната е одраз на прекршоците и лошите постапки на компанијата, и потенцијалната штета која што можеле да ја нанесат врз општеството, животната средина и подземните води“, изјави Кен Харис надзорникот на овој сектор.

На компанијата и беше наложено да прекине со вбризгување на вода во место кое се наоѓа североисточно од Анахајм, се додека не ја испочитуваат одлуката на регулаторот.

Извор: denar.mk

GOLD
SN Finansii
To Top