Новости

Економија

На Германија во следните 40 години и се потребни 260.000 стручни работници годишно

Германија во наредните 40 години ќе има потреба од 260 илјади доселеници годишно за да го намали недостигот на работна сила, произлегува од една студија на Закладе Бертелсман.

,,Германија во иднината ќе биде зависна не само од доселеници од земјите од Европската Унија, туку и надвор од неа”, се наведува во студијата. Во спротивно, бројот на вработени во Германија до 2060 година ќе се намали за 13 милиони.

Според студијата која ја спроведоа два институти, бројот на доселеници од земјите во Европската Унија од сегашните 250 илјади годишно, во наредните години би можел да се преполови. Поради тоа, Германија мора да се ориентира кон доселеници надвор од ЕУ.

,,Во моментов само 30 илјади стручни лица годишно доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ. Таа бројка треба да се зголеми на 150 илјади”, се наведува во студијата.

makfax.com.mk

GOLD
To Top