Новости

Економија

Нето платата во декември изнесуваше 25.784 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември лани  изнесувала 25.784 денари и во однос на декември 2017. е зголемена за 8,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред сè, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Информации и комуникации (28 проценти), Уметност, забава и рекреација (24,3  проценти) и Рударство и вадење на камен (20,9 проценти).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември во однос на ноември лани е зголемена  во секторите: уметност, забава и рекреација (22,1  процент), информации и комуникации (22,1  процент) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,3 проценти).
Бруто-платата по вработен во декември лани изнесувала 37.704 денари
GOLD
To Top