Новости

Економија

Ново поскапување на бензините и дизелот

Со оваа Одлука е извршено зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 04.11.2019 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.11.2019 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 , на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 04.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,206 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,340 ден/кг.

Новите цени се со важност од ноќеска на полноќ, односно 12.11.2019 година.

 

GOLD
To Top