Новости

Економија

Нов закон за полесно вработување во Германија

Новиот предлог закон кој треба да биде донесен оваа недела,а  кој се крчка во германската владата повеќе од пет месеци, е владин одговор на долгогодишните поплаки од бизнис заедницата која е загрижена поради недостатокот на квалификувани ИТ-специјалисти и инженери во Германија, како и недостаток во бројни стручни професии. На остареното германско население итно му се потребни медицински персонал и негуватели.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер го претстави предлогот како „историска пресвртна точка“ кој определува јасни критериуми за доаѓање и работа во Германија.

Една од клучните точки на законот е укинувањето на членот според кој за секое работно место во земјата предност прво имаа државјани на Германија и на ЕУ.

Законот ќе им олесни на имигрантите со стручно образование да се доселат во Германија. Досега, германскиот систем ги фаворизираше оние со академски квалификации. Притоа, ќе биде дозволено за одредени категории под одредени услови, да дојдат во Германија за да се стекнат со стручен тренинг.

Опозицијата го критикуваше ограничениот опсег на законот, додека владата се правдаше дека не сака да дозволи „имиграција во социјалниот систем“.

GOLD
To Top