Новости

Економија

Ова се новите цени на горивата во Македонија

На бензинските пумпи од ноќеска на полноќ за еден денар се намалени малопродажните цени на бензините, а цената на дизел горивото е поскапа за половина денар. 

Бензините, 95 ка и 98 се продаваат поевтино за еден денар односно за 71 и 73 денари. Дизелот поскапе за половина денар, односно сега се продава по 64 денари за литар.

Поради правниот вакуум предизвикан со не потпишувањето на измените на Законот за енергетика не можеше навреме да биде донесена новата методологија по која Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ги определува цените, па трговците сами ги определија малопродажните цени на нафтата и нафтените деривати кои ги продаваат на нивните бензински пумпи.

Иако трговците сами ќе треба да ги утврдат цените на нафтените деривати, од Регулаторна препорачуваа мало поевтинување кај бензините и иста или малку зголемена цена на дизелот.

GOLD
To Top