Новости

Економија

Ова се топ 5 професии во Македонија во кои се земаат највисоки плати

Вкупно 112.831 изнесува исплатена просечната нето плата нето плата по вработен во јануари во секторот спортски забавни и рекреативни дејности. Ова е за прв пат да биде регистрирана рекордно исплатена висока плата во Македонија во оваа дејност.

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Според податоците на Државниот завод за статистика во декември минатата година просечната нето плата во Македонија изнесувала 24.025 денари или околу 390 евра, што е исплатена највисоко нето плата досега.

Но, има и сектори каде што се зема двојно повисока, но и тројно повисока плата од просечната плата во земјата.

Ова се топ 5 професии во Македонија во кои се земаат највисоки плати според податоците од Државниот завод за статистика;

  1. Спортски забавни и рекреативни дејности 112.831 денари;
  2. Воздухопловен транспорт 84.240 денари;
  3. Компјутерско програмирање 52.908 денари;
  4. Производство на фармецевтски производи 44.195 денари;
  5.  Телекомуникации 42.695 денари
Евротип
Евротип
To Top