Новости

Економија

Овоштарите протестираа – го блокираа патот Битола – Ресен

Јаболкопроизводителите од Преспа денеска од 10 до 12 часот протестираа на магистралниот пат Ресен – Битола, кај Макази. Околу половина час беше блокиран и сообраќајот. Протестираат заради проблемите со пласманот и хиперпродукцијата, 50.000 тони јаболка останаа во магацините. Затоа бараат средба со премиерот, но и да се врати повторно интервентната мерка од 3 денари.

Покрај интервентната мерка, бараат што побрзо да им се исплатат и штетите за 2017 година и субвенциите, затоа што велат дека сега започнува сезоната на активности во јаболковите насади.

GOLD
To Top