Новости

Економија

Од денеска горивата со повисоки цени

Цела седмица возачите ќе точат горива чии цени бележат раст од еден денар па до денар ипол.

Тоа е понеделничката одлука на РКЕ согласно која ЕУРОСУПЕР БС – 95 поскапува за 1,50 денари и од полноќ почна да се точи по 68,50 ден/лит .

ЕУРОСУПЕР БС-98 од денес на бензинските пумпи ширум државата ќе се продава за 70,50 ден/литар.

Исто како и ЕУРОСУПЕР БС-98 така и дизелот бележи скок на цената за еден денар и истиот ќе го плаќате за 61,50 ден/лит.

GOLD
To Top