Новости

Економија

Од денес пониска цена на парното

Тарифата за домаќинствата и за образовните институции ќе биде 1,84 денари по киловатчас, што е намалување од 3,88 проценти, додека кај преостанатите потрошувачи, тарифата ќе изнесува 2,5 денари.

Потрошувачите од Скопје кои се снабдуваат со топлинска енергија од Балкан Енерџи Груп, од денеска во просек ќе плаќаат за 2,75 насто пониска цена за парно греење.

Тарифата за домаќинствата и за образовните институции ќе биде 1,84 денари по киловатчас, што е намалување од 3,88 проценти, додека кај преостанатите потрошувачи, тарифата ќе изнесува 2,5 денари.

Кај ЕЛЕМ Енергетика просечното намалување ќе изнесува 0,11 насто, со тарифа за топлинска енергија за домаќинствата од 1,7 денари, за образовните институции 2,2, а за другите потрошувачи 2,9 денари по киловатчас.

Кај Скопје- Север, во просек, намалувањето ќе биде 1,69 насто, со тарифа од 2,2, а за другите потрошувачи 4,2 денари.

Извор: www.mrt.com.mk

GOLD
To Top