Новости

Економија

Од полноќ горивата со нови цени

Денеска околу пладне Регулаторната комисија за енергетика треба да ги објави новите цени на нафтените деривати по кои бензинските пумпи низ Македонија ќе почнат да точат гориво од полноќ.

Во текот на изминатите две недели, колку што трае периодот во кој регулаторот ја формира новата цена, барел нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон се продаваше за цена нешто повисока од онаа врз основа на која регулаторот ја формираше цената пред две недели.

Имено, во последниот работен ден од минатата недела, овој тип на нафта за прв пат ја помина границата од 50 долари по 7 јуни, но сепак, дневното тргување го заврши со цена од 49,7 долари.
Оваа цена повторно е повисока од цената од пред две недели. Тогаш, просечната цена на суровата нафта на берзата во Лондон според Регулаторната комисија за енергетика изнесувала 47,2 долари за барел, што значи дека во петокот, нафтата била поскапа за околу 2,5 долари по барел.
Таквото ценовно движење за очекување е да донесе поскапување на горивата во малопродажба во Македонија, а според некои пресметки тоа би можело да се движи меѓу половина и денар и половина по литар.

Пред две недели малопродажните цени на бензините не се зголемија а дизелот поскапе за половина денар по литар.
95 октанскиот бензин во моментов чини 60,5 денари, а 98 октанскиот 2 денари повеќе.
Дизелот се точи за 47 денари по литар.

GOLD
To Top