Новости

Економија

Од полноќ поефтини горива

Поевтинуваат дел од горивата, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за еден денар по литар,.

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,5 денари за литар.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат и остануваат 70, односно 62 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за за 0,085 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,694 денари за килограм.

Овие цени ќе важат од полноќ.

GOLD
To Top