Новости

Економија

Од полноќ поскапува Еуросупер БС-95

Од полноќ за 0,50 денари по литар поскапува бензинот Еуросупер БС-95, а цените на Еуросупер БС-98, на дизел горивата и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, одлучи денеска Регулаторнста комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 61  денар за литар. Еуросупер БС-98 и натаму ќе се продава за 62,50 денари за литар, Еуродизелот (Д-Е V) за 47 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 35,50 денари за литар.

И малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,506 денари и килограм ќе чини 23,681 денари.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се врши намалување на рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24 проценти, односно за 0,17 проценти.

GOLD
To Top