Новости

Економија

Од 1 јули нова цена на струјата за домаќинствата

Од 1 јули струјата ќе се купува по нова цена. Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика не откри дали ќе има поскапување или поевтинување. Но, уверува дека корисниците нема да се соочат со ценовни шокови.

Неизвесноста доаѓа со либерализацијата на пазарот за електрична енергија и стартот на работењето на новата компанија ЕВН Хоум, што произлезе од ЕВН Македонија, а има обврска да ги снабдува со електрична енергија сите корисници кои нема да излезат на слободниот пазар.

Од идниот месец граѓаните наместо од ЕВН Македонија ќе добиваат фактури и известувања од новата фирма ЕВН Хоум, на која корисниците ќе продолжат да и ги плаќаат и новите, но и старите долгови.

Од почетокот на оваа година секој корисник веќе може да одбере од која компанија ќе купува струја. Според Бислимовски, за домаќинствата сè уште е поисплатливо да останат на регулираниот пазар и да продолжат да се снабдуваат со електрична енергија од ЕВН Хоум. Но, за фирмите е покорисно доколку излезат на слободниот пазар бидејќи плаќаат за 25-30% поевтина струја.

Од идниот месец, ќе профункционира и новата интернет страница каде секој ќе може да ги провери и спореди цените за електрична енергија, што ги нуди секој од снабдувачите.

GOLD
To Top