Новости

Економија

Од 1 јули поевтин роаминг за Западен Балкан

Во Белград каде се одржува вториот дигитален самит на земјите Западен Балкан, денеска се потпиша договорот за роаминг во земјите од овој дел на Европа, кој ќе ги намали цените на телефонските повици од 1 јули оваа година во просек за 25 отсто. Договорот го потпишаа претставници на Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. За Република Северна Македонија Договорот го потпиша министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

„Согласно договорот, намалувањето на цените ќе почне од ова лето, а целосно ќе биде укинат кон средината на 2021 година. Откако целосно ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, тоа ќе се случи и со земјите од ЕУ, што значи дека регионот дигитално ќе се интегрира во Европа многу побргу отколку политички“, изјави министерот Манчевски.

Европскиот комесар за дигитално општество и економија, Марија Габриел, рече дека потпишувањето на договорот носи значајни можности за населението пренесува слободнаевропа.мк

“Да бидам јасна, ова е ваш договор и сакам да ви честитам, тоа е јасен сигнал за вашата позиција и може да сметате на нашата поддршка. Следниот чекор е да потпишете договор со Европската унија”, рече Габриел.

GOLD
To Top