Новости

Економија

Откритие кое што може да ја промени рамнотежата на моќ: Во Бахреин е откриено најголемото нафтено поле во историјата на земјата

Кралството Бахреин соопшти дека било откриено најголемото нафтено и гасно поле во историјата на оваа мала заливска држава – откритие кое што би можело да го промени светот.

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Бахреинските власти потврдија дека го откриле најголемото поле со нафта и гас во оваа земја која што секако е богата со исти природни ресурси. Нафтениот извор бил откриен на западниот брег од државата, а станува збор за најголемото нафтено поле од 1932-ра година откако започнала експлоатацијата на нафта во Бахреин.

„Можеме да ве известиме дека првобитните анализи покажуваат дека станува збор за голема количина на нафта која што ќе овозможи долготрајно црпење“ стои во соопштението на бахреинската Комисија за природни ресурси и економска безбедност.

Министерот за нафта, шеик Мухамед Бин Калифа Ал Калифа, изјави дека започнал со детална анализа на содржината на новото нафтено поле, на неговата големина и исплатливоста.

Катарските власти ја прават анализата во соработка со американската нафтена консултантска компанија “DeGolyer and MacNaughton” од Далас. Иако не е соопштено колкава е големината на полето, новинската агенција „БНА“ повикувајќи се на извори од катарските власти, пренесува дека новооткриените полиња биле „многу пати“ поголеми од веќе познатите нафтени резерви на Бахреин.

Бахреин е најмалиот производител на нафта и гас меѓу шесте земји членки на Советот за соработка во Заливот кој што ги опфаќа и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Оман и Катар.

Нафтеното поле во Бахреин е првото откриено на Заливот и од таму се црпи околу 50 илјади барели дневно, како и 28,3 милиони кубни метри гас дневно.

Малото кралство, чии што 80% од приходите се должат на нафтата, испумпува дополнителни 150 илјади барели на ден од нафтеното поле „Абу Сафа“ кое што го дели со својот голем сосед – Саудиска Арабија.

GOLD
To Top