Новости

Економија

Поевтинија горивата: Бензините за три денари од литар, а дизелот за два

За три денари ќе поевтинат бензините од ноќеска на полноќ, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на „еуросупер БС“-95 изнесува 66,50 денари за литар, а на „еуросупер БС“-98 , 68,50 денари за литар.

„Еуродизелот“(Д-Е V) ќе се се продава по цена од 60 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) сега се продава за 50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се се намалува за 2,982 денари за килограм и ќе изнесува 32,361 денари.

Малопродажните цени на горивата во просек се намалуават за 4,8 проценти

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.

GOLD
To Top