Новости

Економија

Позната сумата: Колку пари ќе им се вратат на граѓаните со скенирани 15 милиони фискални сметки досега

Два милиони евра е сумата која би требало да ја земат граѓаните како поврат од „Мој ДДВ“. Мерката која почна да функционира неодамна а која според надлежните има за цел да ја намали сивата економија и неиздавањето фискални сметки засега се одвива со голем интерес.

Од стартот на проектот кој почна од 1 јули, па до крајот на август се скенирани 15 милиони фискални сметки.

Директорката Лукаревска потенцираше дека се поголем е и бројот на пријави за оние кои не издаваат фискални и истиот е зголемен за 100%. 

Проектот „Мој ДДВ“ минатиот месец ја наполни државната каса за дополнителни 15 милиони евра во делот на данокот на додадена вредност, а и овој месец ќе има дополнителни 15 милиони евра по овој основ, кажа и Заев пред неколку дена од собраниската говорница.

Проектот „Мој ДДВ“ со скенирање на фискалните сметки им носи поврат на граѓаните 15 отсто од платениот данок на додадена вредност, а првата исплата треба да биде во декември пренесува фокус.

GOLD
To Top