Новости

Економија

Половина милион вработени Македонци живеат со минимални приходи

Македонија е земја во која живеат сиромашни граѓани. Ова тврдење произлегува од статистиката дека во Македонија над 500 илјади граѓани се водат како сиромашни и покрај тоа што спаѓаат во категоријата вработени.

Анализата на Алсат М покажува загрижувачки но и срамен податок дека над половина милион од граѓаните живеат во сиромаштија која се зголемува со забрзано темпо.

Најзагрижувачки е тоа што кај младите ди 17 години сиромаштијата достигнува 30 отсто а државната статистика пресметала дека стапката на сиромаштија во земјава е 22 отсто.
-Кај лицата од третата доба, сиромаштијата се зголемува со забрзано темпо. Потребни се поголем број мерки, програми и законски решенија. Имаме половина милион сиромашни – вработени, а тоа е онаа стапка под минималниот приход и минималната плата додека шеснаесет проценти од пензионерите се водат како сиромашни посочува Оливера Доцевска од невладината организација „Платформа за борба против сиромаштијата“.

Извор

GOLD
To Top