Новости

Економија

Поскапи бензинот, дизелот со иста цена

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Од денеска ќе возиме со нови цени на горивата откако Регулаторната комисија за енергетика утврди нов ценовник со кој се опфатени само бензините, додека пак дизелот ќе продолжи да се продава по истата цена како и досега.

Согласно методологијата за пресметка на цените, од  полноќ малопродажните цени се зголемија во просек за 0.61%.

Преведено во цени, тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 ќе се зголеми за 1 денар, и еден литар од ова гориво ќе чини 63.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 ќе се зголеми за 0.5 денари, и еден литар 98-октанско гориво ќе чини 64.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува непроменета и еден литар дизел гориво ќе продолжи да чини 48 денари.

Новите цени стапија на сила на полноќ и ќе важат следните две седмици.

GOLD
To Top