Новости

Економија

По кои цени ќе точат горива возачите од полноќ?

Регулаторна комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ. Цените на бензините се зголемуваат за половина денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголемува за 0,5 денари и ќе се точи од полноќ по цена од 69 денари за литар, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува исто така за половина денар, односно ќе се продава за 71 денар за литар.

Дизелот, регулаторна одлучи да го намали за половина денар и после полноќ возачите ќе може да го точат по цена од 61 денар по литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 50,50 денари за литар.

Малопродажната нова цена на мазутот од полноќ ќе биде 34,739 денари за килограм.

Инаку, минатата недела цените се зголемија од еден денар до денар ипол.

GOLD
To Top