Новости

Економија

Прв лет на „Еуровингс“ на релацијата Штутгард – Охрид

Германската нискобуџетна авиокомпанија „Еуровингс“ од денеска почнува да реализира летови на релацијата Штутгард – Охрид и обратно.

Патниците на првиот лет од Штутгард треба да пристигнат на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле во 08:30 часот изутринава.

На пречекот на патниците се најавени обраќања на Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија, компанијата концесионер на аеродромите, Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, како и на Живка Ангелоска, претседател на Советот на Општина Охрид.

GOLD
To Top