Новости

Економија

Предавање за Фотоволтаичните системи во организација на Ротари клубовите

Вчера на Техничкиот факултет во Битола се одржа предавање за Фотоволтаичните системи во организација на Ротари клубот Битола, а во рамките на проектот на Ротари клубовите од Македонија „Отворени врати за Ротари“. Предавањето се одржа во полната сала заинтересирани лица, а целта беше да се презентира овој систем со цел заинтерсираните за инвестиција да добијат повеќе информации.

-Целта на Ротари е да ги согледаме потребите на заедницата и да помогнеме во разрешување, а фотоволтаиците се многу актуелни во последно време, рече Раде Христовски, Ротари Клуб Битола.

Од компанијата Ефикс електрикал велат дека ова е тема број еден во Македонија, затоа што е поврзана со енергетиката, а таа е најважното нешто во секој сегмент од животот и индустријата.

 

-До овој момент овие системи не се доволно застапени во Македонија, пред се затоа што се очекуваше подолго време да излезе законот за енергетика кој излезе на 28 мај, тоа е закон кој ги објаснува нештата, но без подзаконски акти се ништо. Голем дел од луѓето се заинтересирани за инвестиција, затоа се потребни се информации од подаконските акти, вели Зоран Митрески, Ефикс електрикал.

Фотоволтаичните системи се уреди сочневата светлина која во Македонија има во изобилство, има многу сончеви периоди, таа светлина се претвора во електрична енергија, а евтина електрична енергија значи конкурентна цена на самиот производ.

 

 

GOLD
To Top