Новости

Економија

Препукување во Собранието за ребалансот на буџетот

Дали се крати од капиталните инвестиции кои треба да ја повлечат економијата напред или проекциите се реални, зашто со години не се остварувало тоа што било ставено на хартија.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека со ребалансот се крати од изградба на градинки, училишта, нови спортски сали. СДСМ пак возврати дека сегашната опозиција 11 години го стимулирала наталитетот, но не обезбедила услови за децата.

„Кога зборувате за градинка, зборувате дека имало потреба да се изгради 150 милиони евра. Вашиот лидер има индиции дека за провизии земал големи пари“ – вели Сашо Поцков од СДСМ.

„Нема да изградите градинки, зошто стратегијата за мигрантите, таму ќе одат парите.“ – вели Слободанка Авировиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Жестока расправа за ставките од здравството. Власта и опозцијата се обвинуваа ќе има ли доволно пари за инсулин.

„Со одлука на владат, потпишана од Никола Тодоров, предвидените 662 милиони дденари за набавка на инсулин се кратат на 558 милиони денари. Со ребалансот на овој министер има зголемиување за 4 милиони денари за инсулин“ – вели Јагода Шахпанска од СДСМ.

„ Кратите за туберкулоза, за имунизација на децата, а додавете кај партизација на администрацијата.“ – возврати Слободанка Авировиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Беса обвини дека и со овој ребаланс се запоставени регионите каде живее албанско население. Поднеле 63 амандмани за да се подобри водоводот, канализацијата и инфраструктурата и да се решат депониите во регионите, но ниту еден не е прифатен. За ДУИ пак, ребалансот е повеќе од потребен зашто е постигнат рамномерен регионален развој. Дебатата во собранието ќе продолжи и викендов. Договорено е пленарната седница да заврши во недела до 18 часот, по што претседателот Џафери ќе ги распише изборите.

Извор: 24vesti.com.mk

Евротип
Евротип
To Top