Новости

Економија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

 

Минимални температури: -2 Маврово, Лазарополе, 0 Крушево, Крива Паланка, 3 Тетово, Прилеп, Штип, 6 Демир Капија, Куманово, Струмица, Битола, 5 Скопје-Петровец, Скопје Зајчев Рид, 6 Скопје-Зајчев Рид, Дојран, 7 Гевгелија.

Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше облачно време и на истокот со врнежи од дожд на пониските места, а утринава од снег на планините и понекаде на повисоките места. Снег од рано наутро во 4 часот има во Берово и Ѓуриште, а во Кр. Паланка врнежите се од дожд и од снег. Дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на Ѓуриште засилуваше.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во см)

22 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 4 Лазарополе.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА ВО л/м2 (до 07:00 часот).

22 Берово 16 Струмица, 11 Крива Паланка, 7 Гевгелија, 6 Дојран, Штип, 3 Прилеп, 2 Куманово, Ѓуриште, Скопје – Петровец.

 

GOLD
To Top