Новости

Економија

Просечната плата во февруари 23.158 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018, изнесува 23.158 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи зголемување од 3,6 проценти во однос на февруари лани.

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен за 14,5 проценти, преработувачка индустрија за 10,7 проценти и информации и комуникации за 10,5 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 26,4 отсто, Транспорт и складирање за 11,7 отсто и Рударство и вадење на камен за 9,9 проценти.

Просечна месечна бруто-плата по вработен во февруари 2018 година изнесува 33.994 денари.

Извор: standard.mk

GOLD
To Top