Новости

Економија

Регулаторна: Цената на дизелот повторно се зголемува за половина денар

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – и исто како и минатата седмица, цените на бензините не се менуваат а цената на дизелот се зголемува за половина денар.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, до вечерва на полноќ имаме мали измени во цените на горивата. Цените на бензините остануваат непроменети, па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 и понатаму ќе чини 66.50 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 68.50 денари.

Мало зголемување има кај цената на дизелот – и тоа за половина денар. Соодветно на тоа од вечерва на полноќ еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 61.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

GOLD
To Top