Новости

Економија

Регулаторна: Цените на горивата се намалуваат за половина, односно еден денар

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите – за нијанса пониски – цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.75%.

Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 68.00 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за по 1.00 денари. Еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

GOLD
To Top