Новости

Економија

Регулаторна одлучи – Дизелот поскапува за 0,50 денари, цената на бензините останува иста

Неделава која тукушто почна возачите ќе точат горива по старо-нови цени.

Регулаторната комисија за енергетика го објави ценовникот по кој ќе се полнат резервоарите почнувајќи од полноќ.

Имено, бензините ќе се точат по цена иста како и претходната недела. Тоа значи дека „Еуросупер БС-95“ останува со иста цена и ќе чини повторно 69,5 денари за литар, а „Еуросупер БС-98“ – 71,5 денар за литар.

За половина денар поскапува дизелот кој во следните седум дена ќе го плаќаме 62,00 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 52,00 денари за литар.

Мазутот бележи исто така поскапување и еден килограм ќе се продава за 33,343 денари.

GOLD
To Top