Новости

Економија

Русите ќе јадат македонско овошје и зеленчук

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Во огромниот деловниот центар „Фуд сити”, во организација на Македонско-руската стопанска комора и „Македонски дом”, компанија формирана за зголемување на извозот на стока од земјава на големиот руски пазар, а во присуство на амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација, Н.Е. Гоце Карајанов, се одржа средба со највисоките претставници на Евроазискиот деловен совет.

Македонската прехранбена индустрија отсега ќе може своите производи да ги пласира низ 300 синџири на маркети со околу 14 до 20 илјади продажни места во Руската Федерација.Ваквата изгледна шанса за македонските производители на храна е создадена на средбата што бизнис – делегацијата од земјава, која деновиве престојува во Москва, ја имаше со највисоките преставници на Евроазискиот деловен сојуз.

Во огромниот деловниот центар „Фуд сити”, во организација на Македонско-руската стопанска комора и „Македонски дом”, компанија формирана за зголемување на извозот на стока од земјава на големиот руски пазар, а во присуство на амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација, Н.Е. Гоце Карајанов, се одржа средба со највисоките претставници на Евроазискиот деловен совет.

Сопствениците и менаџерите на македонските компании производители и преработувачи на свежо овошје и зеленчук, кои излагаат на саемската манифестација WorldFood Москва, деталите околу соработката со руските трговци ги разговараа и прецизираа со г-дин Виктор Камболов и г -дин Вартан Симонсјан, генерален директор и директор за трговија на Евроазискиот деловен совет.

-Македонско-руската стопанска комора и „Македонски дом” во изминатите месеци направија сериозен ангажман во правец на промоција на македонските производители на храна на рускиот пазар и тоа веќе донесува резултати, – подвлече Виктор Камболов.

Според неговите зборови, следниот чекор е продор на македонските производи во земјите од Евроазиската унија, покрај Русија, и во Ерменија, Киргистан, Казхстан и Белорусија, на што натаму ќе се работи.

-Поголемиот дел од руските маркети веќе ќе бидат достапни за македонските производители од областа на прехрамбената индустрија. Уште утре бизнисмените од Македонија ќе ги имаат првите директни средби со челните луѓе на 30 големи синџири на маркети од Русија.Сега „топката” е кај македонските компании, – истакна Вартан Симонсјан.

М-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора подвлече дека ваквиот начин на директни средби со руските бизнисмени од разни области ќе продолжи интензивно и во наредниот период со организација на тематски недели на македонски производители од повеќе гранки од прехрамбената индустрија. Меѓу првите кои пред заинтересираните руски трговци и претставници на ресторани ќе се појават се производителите на ајвар од земјава, за што веќе е пројавен значаен интерес на овој пазар.

Македонска бизнис – делегација во „Фуд сити” посети и 10 оперативни оддели за продажба на свежо овошје и зеленчук. Инаку, комплексот е сопственост на најголемиот руски агро – кластер и годишно во него се прави обрт од 1,8 милиони тони прехранбени производи или 5.000 тони дневно, од кои 4.000 се овошје и зеленчук. Трговскиот комплекс се простира на 345 илјади квадратини метри, има канцаларии од преку 30.000 квадратни метри и поседува современи складишен простор на површина од преку 300 илјади квадратни метри.За секоја категорија прехранбени производи во него егзистираат од 30 до 300 трговски друштва. Во овој деловен комплекс се стационирани деловни центри и претставништва на 36 земји од светот и 80 од руските региони. За сите нив сега се видливи и македонските производи преку „Македонскиот изложбено-трговски дом” кој е лоциран во „Фуд сити”.

При посетата на овој комплекс, „Кривогаштани промет” склучи договор со „Македонски дом” и стана 11 компанија чији производи ќе бидат изложени во „Македонскиот изложбено-трговски дом” во „Фуд сити” во Москва. Деликатесните прехрамбени производи на прилепската компанија, кои веќе се пласираат на пазарите на Австралија, САД и Европа, отсега ќе бидат достапни и за руските потрошувачи.

Извор: vecer.mk

GOLD
To Top