Новости

Економија

СН Осигурителен брокер дел од Меѓународната конференција за транспорт и сообраќај во Битола

Денес, во просториите на Техничкиот факултет Битола при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола започна да се одржува втората меѓународна конференција на тема „ТРАНСПОРТОТ ВО ДЕНЕШНОТО ОПШТЕСТВО“  и истата ќе трае до 19 Мај. На конференцијата учесници се истакнати експерти од државата, Европа и светот, а генерален покровител на Конференцијата е Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, а како поддршка е и Општина Битола.

Осигурителното брокерско друштво “СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР“ АД Битола како водечка компанија во осигурителниот сектор и голем поддржувач на транспортот, зеде посебно учество на оваа конференција и придонесе за успешна реализација на овој настан, со што и беше доделена БЛАГОДАРНИЦА за подршката во организирањето на оваа Конференција.

 

GOLD
SN Finansii
To Top