Новости

Економија

„Северна“ ќе се печати на новите банкноти од 10 и 500 денари

Народна банка склучи договори за набавка на нови 10 и 500 денари. Како што претходно и беше најавено, во текот на печатењето на новите банкноти ќе се менува името на државата.

„Потребно е да се заменат буквите НБРМ со НБРСМ и текстот Народна Банка на Република Македонија со текст Народна Банка на Република Северна Македонија секаде каде што се појавуваат“, стои во Договорите.

За набавка на 20 милиони парчиња во апоен од 10 денари Народната Банка ќе плати 971 илјади евра, а за 15 милиони парчиња од 500 денари ќе плати 587 илјади евра. Банкнотите ќе се печатат во Велика Британија и Франција.

Парите ќе се заменуваат постепено, односно со повлекувањето на оштетените парчиња.

GOLD
To Top