Новости

Економија

Се жалат немаат работа, а пари за кафе се има

Сонце, пролет, идеална комбинација за кафе, би кажале младите. Момци и девојки …музика, и кафе, ваква е сликата секој ден во скоро секое кафуле низ градот.

Сопствениците на кафулињата велат дека најголемиот број на клиенти, дури над 70 проценти, се млади. На прашањето зошто поголемиот дел од денот го поминуваат во кафулиња, младите велат дека им станало навика.

Додека кафулињата се преполни со млади, податоците на Заводот за статистика за невработеноста кај младите се загрижувачки.

Невработеноста е по најголема кај младите од од 15 до 24 години возраст и изнесува 46,7 отсто. Токму оваа група е најприсутна по кафулињата. Според статистичките податоци, вкупно работоспособно население во земјава е 56,8 отсто.

Стапката на вработеност е 44,3 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 21,9 отсто.

Дали е до младите или родителите?

-Мизерни се платите, навистина не знам што очекуваат работодавачите, само ги искористуваат младите, сметам дека моето дете е подобро да седи дома отколку да се мачи да работи за толкава плата, вели наш соговорник.

Некој сакаат да ги лишат своите деца од секакви задолженија со цел да им го олеснат животот и да им угодат што е можно повеќе.Општо познато е дека сé што е чесно заработено, секое едно денарче е повод за пофалба.

-Мојот син има 20 години студира, јас и мојата жена не може да си дозволиме да му дадеме пари за одмор, така тој самиот ја увиде домашнта состојба , па реши да работи како келнер во еден скопски кафич.Сам ќе си заработи за одмор воедно ќе сфати како е да се работи и да се трошат тешко заработените пари, вели друг соговорник.

Додека некаде некои млади луѓе се обидуваат да работат и да заработат уште од млади години, кај нас ги мазиме, пазиме и чуваме како паразити.Се прашувам зашто некои луѓе сами си ги прават децата да им бидат неспособни.Па уште ги охрабруваат да не се мачат.На секој ќе му биде убаво да лежи дома до 1 попладне и со прст да не мрдне зашто тато и мама ќе му дадат.Не разбирам, но очигледно дека со ваков однос, без амбиција, работно искуство мислат дека ги чека директорска позиција?

 

Извор: skopjeinfo.mk

 

GOLD
To Top