Новости

Економија

Словенците највисоки, Македонците најниски плати во регионот

Во регионот највисоки плати земаат Словенците, a најмалку заработуваат Македонците.

Словенија со нето плата од 1.077,77 евра за мај годинава е држава со највисоки примања во регионот.

Просечната плата во Хрватска во мај била 866,95 евра, во Црна Гора во јуни таа изнесувала 511 евра, додека во Босна и Херцеговина просечната плата во петтиот месец годинава била на ниво од 448,59 евра, а во Србија 426 евра.

Најниската плата во мај земале Македонците и таа изнесува 399,28 евра.

faktor.mk

GOLD
SN Finansii
To Top