Новости

Економија

Собранието ги изгласа законските измени за поголема плата во јавниот сектор за 5 отсто

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за исплата на плати со кои септемвриската плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за пет отсто.

Поголеми плати ќе има за вработените во администрација, здравство, социјала, образование, одбрана, полиција и во целиот јавен сектор.

Законските измени беа усвоени по претходна расправа меѓу власта и опозицијата во Собранието, откако претходно на собраниската Комисија за труд и социјална политика не беше усвоен амандманот на опозицијата зголемувањето на платите да биде 10, а не 5 отсто.

Од Владата вчера информираа дека исплатата на септемвриските плати ќе биде навреме и дека ова е трето зголемување на платите во здравството, а второ во одбраната, образованието и за вработените во детските градинки пренесува СДК.

GOLD
To Top