Новости

Економија

Тевдовски очекува раст на економијата – тврди неселективно се враќа ДДВ

Спонзорирано од СН ФИНАНСНИИ

Министерот за финансии нема да го ревидира економскиот раст предвиден со ребалансот на Буџетот. Тевдовски очекува економијата до крајот на годината да порасне за 2,2 насто иако до сега статистиката покажа дека сме на прагот на рецесијата.

„Министерството за финансии беше конзервативна институција, во поглед на проекцијата за економскиот раст. Нашите очекувања се, бидејќи ние секојдневно го следиме тоа полнење на ДДВ кое покажува што се случува пред се со потрошувачката и тоа е на задоволително ниво. Втормо, многу важно е дека имаме стабилност, извозот кој што е многу важен инпут на економската активност е стабилен. Очекуваме сите овие активности на новата Влада ќе произведат економски раст“, рече Драган Тевдовски -министер за финансии

До крајот на годинава, вели Тевдовски, не е планирано издавање на еврообврзница, а Буџетот ќе се финансира од домашното пазар. Сепак Тевдовски потенцира дека претстојат сериозни обврски за враќање на кредити за кои се задолжила земјава, што значи дека во иднина Министертсвото ќе мора повеќе да се задолжува.

„Треба да бидеме свесни дека минатата власт за Македонија остави сериозни обврски за враќање. Тоа значи дека во јануари 2018 ќе треба да вратиме 90 милиони евра. 2020, 2021 година ако ги гледате заедно само од главниците на две еврообврзница треба да вратиме 70 милиони евра плус камати тоа значи дека Министерството за финансии некогаш и ќе мора да се задолжува“, вели Драган Тевдовски – министер за финансии.

Денеска Тевдовски го презентираше сработеното во Министерството за финансии во стоте дена од новата влада. Се врши неселективен, редовен и забрзан поврат на ДДВ кон сите фирми. Со ребалансот предвидени се пари за зголемување на минималната плата на 12 илјади денари.Покрај тоа, објавени се неплатените обврски на сите буџетски корисници фондови, јавни претпријатија и општини, а министерството работи заедно со Светска Банка на Стратегија со чија помош ќе се исчистат овие обврски и ќе се обезбедат механизми кои ќе спречат нови долгови на државните институции.

На отчетот на Тевдовски реагира ВМРО-ДПМНЕ. Министерот за задолжување направи пустош во македонската економија.

„Тој секојдневно ја движи македонската економија кон еден огромен амбис и банкрот на државата. Тевдовски се фалеше со кратење на непродуктивните трошоци, а скрати милијарда ипол од образованието сектор од каде што тој самиот доаѓа и кој е клучен за иднината на една држава“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата политика, велат од ВМРО-ДПМНЕ избрка и 60 странски инвеститори од земјава кои ќе отвореа 25 илјади работни места.

Извор: 24vesti.com.mk

Евротип
SNBROKER
To Top