Новости

Економија

Трансформацијата на автомобилските производители

Додека „General Motors“, „Volkswagen“ и „Toyota“ произведуваат речиси 10 милиони автомобили годишно, секој од нив се обидува да инвестира повеќе во автомобили со нулта емисија на штетни гасови. Автомобилските компании се преориентираат кон електричните автомобили со две цели – профит и раст на пазарниот удел, пишува „Financial Times“.

Предизвиците

Денес традиционалните автомобилски компании ги произведуваат сите видови на модели – од хечбек до спортски автомобили, на иста производна линија. Предизвикот пред нив е да се преобразат овие операции, за да произведуваат електрични возила со големи количини, откако ќе се спротивпостават на влегувањето во индустријата на технолошките компании и стартапи.

Наместо да излезат со редица бескорисни електрични автомобили во моментов, сегашните компании инвестираат најголем дел од своите ресурси во производствени капацитети, кои ќе произведуваат масовно модели од 2020 година, откако трошоците за батерии ќе паднат.

Според аналитичарите, овој пристап остава впечаток дека овие компании заостануваат далеку зад „Tesla“. Но откако играта всушност ќе започне, велат експертите, големите автомобилски компании ќе бидат во силна позиција да доминираат на пазарот.

„Ниту еден од традиционалните производители на автомобили нема да има проблеми со зголемувањето на производството на електрични автомобили“, вели Клаус Стрикер, аналитичар од „Bain&Company“.

Проблемите на „Tesla“

Пазарната капитализација на Tesla е еквивалентна на 55 милијарди долари, што е за околу 2,3 милијарди долари повеќе од онаа на „General Motors“, иако минатата година компанијата на Елон Маск има произведено еден автомобил за секој сто на „GM“.

Неуспехот во продуктивноста го одразува ставот дека традиционалните способности на автомобилските производители да составуваат и шират автомобили е „компетентност од Стариот свет“ со малку значење за иднината.

Аналитичар од „NSBC“ смета дека „големите производители на автомобили може да немаат никаква предност пред новите конкуренти, бидејќи не учествуваат во производството на батерии“.

„Tesla“ по втор пат ги одложи производствените цели за Model 3, дури и овој нов период е пречекан со скептицизам. Аналитичарите од „Morgan Stanley“, кои сметаат дека компанијата на Маск во принцип е потценета, се на мислење дека прогнозата за производство на 5.000 автомобили неделно е нереална.

Зголемената конкуренција

Успехот на германските производители, чии обеми се зголемиле тројно од 1990 година досега, во голема мера се заснова на „споделувањето на платформата“, овозможувајќи различни модели да бидат произведени во исти фабрики. „Volkswagen Group“, најголемиот производител на автомобили во светот, ги составува автомобилите на сите свои 12 марки во исти фабрики.

„Ефикасноста отсекогаш била пресвртница на успехот во автомобилската индустрија“, вели Оливер Зип, шеф на производството во „BMW“.

Производителите денес инвестираат во производствени компании, кои интегрираат податоци од процесите во целиот синџир на снабдување. Времето за составување се намалува, а проблемите се отстрануваат пред да се прошират.

На електричните автомобили ќе им требаат децении, за да добијат половина од светскиот пазар. Во Европа, „Barclays“ очекува дека половина од продадените автомобили ќе бидат електрични до 2030 година.

Извор: standard.mk

Евротип
SNBROKER
To Top