Новости

Економија

УЈП нема да ги казнува оние кои го пропуштиле рокот за регистрација

УЈП нема да ги казнува оние кои го пропуштиле рокот за регистрација -тие кои заборавиле, може да се регистрираат деновиве .31 декември беше крајниот датум до кој граѓаните требаше да се регистрираат во системот на Управата за јавни приходи за персонален данок. Но, оние кои од било која причина го испуштија овој рок ќе може тоа да го направат тоа деновиве.
„ До утрината на 31.12 се регистрирани над 650.000 граѓани, но конечната бројка ќе се знае утре. Задоволни сме од одзивот на граѓаните, тој е речиси 100 процентен. Системот е отворен и секој кој го пропуштил рокот ќе може и од утре да ја донесе пријавата во УЈП“, велат од УЈП
Според првичната информација во електронскиот систем требаше да се регистрираат околу 920.000 граѓани.

Ова е првата година кога граѓаните нема да одат на шалтерите на УЈП туку до крајот на април ќе добијат пополнета годишна даночна пријава на мејл адресите. Обврската ќе биде само да ја потврдат или корегираат доколку податоците не се точни. А доколку тоа не го направат до крајот на мај УЈП ќе ја смета таа Годишна даночна пријава за потврдена.

GOLD
To Top