Новости

Економија

УЈП ќе има пристап до банкарските сметки на граѓаните

Управата за јавни приходи електронски ќе ги добива од банките податоците за граѓаните неопходни за пополнување на Годишната даночна пријава, која од јануари следната година, наместо граѓанинот да ја пополнува, тоа ќе го прави Управата и ќе му ја доставува на граѓанинот на потврда. Податоците што ќе ги доставуваат банките и кои ќе ги користи УЈП, како и динамиката на доставување ќе бидат утврдени со законски измени.

Ова денеска на прес-кофнеренција го соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска која посочи дека и досега од банките добивале податоци но во хартиена форма за даночната постапка.

– Она на што се работи една година наназад е оваа размена на податоци да се автоматизира, наместо податоците да се доставуваат во хартиена форма, што е долга, спора постапка за сите страни. Автоматизираната електронска размена на податоци со банките ќе овозможи подобрување на ефикасноста на УЈП, подобри услуги за граѓаните и истовремено подобро администрирање на персоналниот данок на доход, појасни директорката, додавајќи дека со ова побрзо ќе се издаваат уверенија, решенија и други документи во надлежност на УЈП.

Таа додаде дека во консултации со сите релевантни институции на одржани низа состаноци меѓу УЈП, Министерството за финансии, Здружението, асоцијација на банките и претставници од банките, НБРМ и Дирекцијата за заштита на личните податоци заеднички е утврдената рамката за протокот на овие податоци, нивната содржина, динамика за достава и слично, како и стандардите за сигурност и заштита на личните податоци на граѓаните.

Таа увери дека личните податоци на граѓаните се сигурни, загарантирани и заштитени и дека и досега не се случило да се злоупотребат податоци од страна на вработени во Управата.

GOLD
SN Finansii
To Top