Новости

Економија

УЈП ќе распродава бела техника, возила, камиони, телевизори…

На 30. јуни ќе се одржи јавна аукција огранизирана од Управата за јавни приходи на комерцијални продажби на движни и недвижни ствари.

На истата може да се најдат различни предмети (моторни возила, товарни возила, телевизори, бела техника, автобуси и друго), а истите се запленети поради неплатен данок.

Почетната цена на понудените предмети, сепак варира во зависност од годината на производство, состојбата, употребливоста и слично.

Преку веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk, може да се погледнат активните аукции, да се врши on-line разгледување и преглед на достапните аукциски производи (движни и недвижни ствари), а сите заинтересирани треба да се пријават и да учествуваат во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.

Оние кои сакаат да учествуваат на е-аукциите на УЈП, единствено што треба да направат е да се регистрираат како корисник на http://e-aukcii.ujp.gov.mk.

Тука можете да ја погледнете понудата на движни и недвижни ствари кои УЈП ги има запленето.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Слободен печат

GOLD
To Top