Новости

Економија

Цената на нафтата зголемена за повеќе од 30 отсто од почетокот на годината

Цената на нафтата минатата недела на светските берзи повторно се зголеми и достигна најголема вредност.

На лондонската берза цената на барел нафта минатата недела се зголеми за 1,7 отсто, на 71,55 долари, додека на американската берза барелот поскапе за 1,3 проценти, на 63, 89 долари.

Од почетокот на оваа година цената на нафтата се зголеми повеќе од 30 отсто и така достигна највисоко ниво од почетокот на ноември 2018 година, благодарејќи на намаленото производство од страна на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

 

 

 

 

 

Извор: Локално

GOLD
To Top