Новости

Економија

Цената на струјата останува иста

Цената на струјата останува иста и по 1 јули кога и официјалнио ќе започне со работа т.н. универзален снабдувач.

Според Регулаторната комисија за енергетика, нема промена на цената на струјата, ниту пак ќе има ценовен шок. Сѐ останува како што е досега, освен што од понеделник, 1 јули, струја на домаќинствата кој ќе им испорачува новиот универзален снабдувач ЕВН Хоум.

До промена на цената, единствено може да дојде ако се случат посериозни промени во цената на увозната цена на струјата, за која од РКЕ велат дека државата ќе нема потреба од увоз на електрична енергија, истата ќе ја обезбедува ЕЛЕМ, која има капацитети и за дополнителни количини за продажба.

Од РКЕ информараа и за цената која ја понудиле Електрани на РСМ на аукцијата, таа изнесува 34,5 евра за мегават час.

Одлуката за цената на струјата ќе важо 30 јуни 2020 година.

GOLD
To Top