Новости

Економија

Централниот регистар префрлил свои пари на туѓа сметка

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

На денешната седница Владата препорача новото раководство на Централниот регистар да ја преиспита правната основа за одлуката на Управниот одбор на оваа институција со која  добивката од минатата година се уплатила на  сметката на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Со ваквата одлука  била нанесена штета на редовното работење на Централниот регистар.

Ваквата состојба била констатирана од ревизорскиот извештај за работењето на  Централниот регистар при што владата ја задолжи оваа институција  да достави информација за одржливоста на финансиското работење за периодот од први септември оваа година до 30 јуни 2018 година.

Владата исто така  го разгледа и годишниот извештај за работењето на Македонска банка за поддршка на развојот, АД Скопје за минатата година и притоа  препорача банката, во рок од три месеци, да изготви и да достави стратегија за зголемување на капацитетите за финансирање на македонските компании, со поконкурентни цени и услуги, како и за подобрување на условите за осигурување на извозот на македонските производи.

Извор: makfax.com.mk

GOLD
To Top