Новости

Економија

Четврток и петок „зелена нафта“ во Могила и Новаци

Подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Битола, ги известува сите земјоделци на кои им следуваат картички за користење на мерката „зелена нафта“, во четврток ќе се доделуваат во дисперзираните канцеларии на МЗШВ во Општина Могила во работно време од 08:30 – 15:30 часот, а в петок во Општина Новаци.

Секој земјоделец кој има пријавено субвенции за градинарски и полјоделски култури, овошни и лозови насади за 2018 година е корисник на мерката за „зелена нафта“.

Подигнувањето на картичките мора да биде лично со лична карта, стои во информацијата од ПЕ на МЗШВ во Битола.

GOLD
To Top