Новости

Економија

Азиските берзи со силен раст, доларот слабее а цените на нафтата растат

На азиските берзи во вторникот цените на акциите пораснаа бидејќи вложувачите беа охрабрени од вчерашниот скок на берзанските индекси на њујоршки Волстрит и помалите отколку што се очекуваше каматни стапки на австралиската централна банка Reserve Bank of Australia (RBA).

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските во раното утрински тргување според средноевропско време беше во плус од 1,6 отсто, по повеќедневниот пад.

Притоа, на Токиската берза индексот Nikkei скокна за 2,8 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Австралија пораснаа за меѓу 2,3 и 3,6 отсто. Во Шангај и во Хонгконг денеска по ради празникот не се работи.

Силниот скокна на цената на акциите во Австралија доаѓа благодарејќи на одлуката на тамошната централна банк за зголемување на клучните каматни стапки за само 0,25 базични поени, на вкупно 2,60 отсто, додека се очекуваше зголемување за 0,50 процентни поени.

Тоа е шестото последователно зголемување на цените на парите на RAB, но вложувачите ги охрабри и пораката на челниците на австралиската централна банка дека ситуацијата овозможува поблаго заострување на монетарната политика. Тоа значи дека проценуваат оти инфлаторните притисоци попуштаат.

Позитивно на пазарот влијаеше и смирувањето на ситуацијата во Велика Британија, откако владата се откажа од контроверзниот план за намалување на данокот за најбогатите а за драстично зголемување на јавниот долг.

Финансискиот план кој владата на премиерката Лиз Трас го предложи пред десетина дена предизвика потреси на финансиските пазари и ја потопи фунтата на рекордно ниското ниво од 1,0327 долари. Меѓутоа, благодарејќи на интервенцијата на британската централна банка Bank of England (BoE) на пазарот на обврзниците, последните денови курсот на фунтата се оправи, па утрово се движење околу 1,13 долари.

Азиските вложувачи беа охрабрени и од вчерашниот силен раст на Волстрит. Таму индексот Dow Jones порасна за 2,66 отсто, S&P 500 скокна за 2,59 а Nasdaq индексот за 2,27 отсто. Тоа, меѓу другото, е и поради падот на приносите на обврзниците, кои последните седмици силно растеа поради зголемувањето на каматите на американската централна банка Federal Reserve (Fed).

Позитивно на пазарот влијаеја и податоците кои укажуваат на забавување на растот на економијата. Извештајот на Институтот за управување со набавките (ISM) покажа дека PMI индексот на производствените активности во септември изнесувал 50,9 поени, што е најбавен раст на активностите во речиси две ипол години. Притоа паднале новите нарачки, што според аналитичарите може да значи дека ослабела побарувачката на стоки поради растот на каматните стапки. А тоа би можело да ја забави инфлацијата.

Доларот дополнително ослабе, цените на нафтата пораснаа
На валутните пазари вредноста на доларот кон кошницата валути падна втор ден со ред. Индексот на доларот, кој ја изразува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи денеска околу 111,55 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 112,10 поени.

Притоа курсот на доларот во однос на јапонската валута стабилно се движи околу нивото од 144,75 јени, како и вчера во истиот период од денот.

Меѓутоа, американската валута ослаби во однос на европската, па цената на еврото достигна 0,09840 долари, додека во понеделниот во истиот период од тргувањето изнесуваше 0,9810 долари.

Цените на нафтата, пак, растат втор ден со ред, бидејќи се очеквуа дека Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) го разгледува најголемото намалување на производството од почетокот на пандемијата на Covid-19. Се предвидува дека картелот и неговите сојузници од групата независни големи извозници предводени од Русија сојузени во OPEC+ на состанокот на 5-ти октомври ќе го намалат производството за 500.000 барели дневно.

Цената на лондонскиот пазар во раното претпладневно тргување порасна за 0,41 отсто на 89,25 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,23 отсто на 83,82 долари.

Евротип
SNBROKER
To Top