Новости

Економија

Барелот нафта утрово 105 долари, биткоинот тоне

Пазарот на нафта од утрово бележи пад. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар изнесува 105 долари, што е пад од околу 1 отсто во однос на истиот период вчера. Цената на барел нафта на американскиот пазар е 104 долари за барел, што е исто така пад од околу 1 процент.

Пазарот на криптовалути и утрово е во минус. Вредноста на биткоинот е 27.000 долари, што е намалување за околу 13 отсто во однос на претходните денови. Другите криптовалути се исто така во минус.

Од утрово поскапуваат житарките. Од утрово цената на пченицата е 1.113 долари за тон, што е зголемување за околу 2 отсто во однос на претходните денови. Цената на пченката е 788 долари, што е исто така пораст од околу 1 процент.

Евротип
SNBROKER
To Top