Новости

Економија

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука која се однесува на малопродажните цени на бензините и дизелот во нашата земја.

Во согласност со својата методологија за утврдување на цените, Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати со која се врши зголемување во просек за 0,88 проценти во однос на одлуката која беше донесена претходно.

Според најновата одлука на РКЕ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ ќе поскапат за два денари, додека цената на Еуродизел се намалува за половина денар во однос на претходно.

Со други зборови ова значи дека од вечерва на полноќ за литар Еуросупер БС-95 ќе треба да се издвојат 90,50 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе чини 92,50 денари, додека за секој литар наточен Еуродизел ќе плаќаме цена од 89,50 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во просек бележат зголемување кај бензините за 3,13 проценти, а кај дизелот има намалување од 1,06 проценти.

Евротип
SNBROKER
To Top