Новости

Економија

Бензините поскапуваат за 1,5, дизелот за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цените на нафтените деривати од 1,5 до 2,5 денари за литар од вечер на полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Од вечер на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 81,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 83,5 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по 82,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 денар/литар и од полноќ ќе чини 80,5 денари, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,064 ден/кг и сега ќе изнесува 51,599 ден/кг.

Евротип
SNBROKER
To Top